Венчавките се дел од традициите, некои се преубави а некои тотално застарени. Според тоа на наша голема радост, опциите за декорација, фустаните и се помеѓу – секогаш се менуваат. Во продолжение, ви претставуваме 7 најголеми пролетни свадбени трендови за 2017 година!
Големи балони
Очекувајте големи бели балони на сите венчавки…Сем што изгледаат супер луксузно и елегантно, исто така, изгледаат совршено на свадбените фотографии.
Зеленило
Заборавете на цвеќето, зеленилото е хит оваа сезона! Од букети, па се до декорации на масите, зеленилото оваа година тотално го замени традиционалното цвеќе!
Наметка
Solange Knowles, ни покажа како тоа се прави. Сега овој тренд, апослутно завладеа во светот на венчавките. Драматична и истовремено практична, наметката е совршена за непредвидливите пролетни температури.
Проsирни торти
Овие шик торти на кат, кои по малку ја откриваат својата вкусна внатрешност, се главен хит во светот на свадбените торти.
Органски материјали
Минимализмот владее на венчавките, ако тоа до сега не сте го забележале. Одберете супер едноставна елеганција за декорација и украсете ја масата со проsирна, романтична ткаенина.
Уникатни илустрации со водени бои
Се повеќе парови бираат уникатни декорации од уметниците кои ги сакаат и пратат на Интернет. Нам, посебно ни се допаѓаат илустрациите со водени бои, но можете да одберете било која друга уметност што ја сакате.
Супер едноставна фризура
Невестите, најпосле ја прифатија универзалната вистина: Фризурата, ноктите и шминката – се последната работа на која треба да мислат и да се грижат на големиот ден. Што поедноставно, тоа подобро.
Истото вреди и за фризурите!