Сместена во Terres Basses, во ексклузивниот резинденцијален дел на француската страна на St Martin, Always е величенствена вила со 6 соби, која е спремна да ве заведе и наведе, да се преселите во овој карипски рај.
Оваа раскошна резиденција на две нивоа е неверојатно опремена. Со голема трпезарија, гурманска кујна со Викинг апарати, работна површина од бел кварц и подови со мазен бетон. Можеме да се согласиме дека е ова совршено место за припрема на било кој оброк, со поглед кон Карипското море.
Двата апартмана, односно спалните соби кои со својот изглед потсетуваат на палати, содржат уникатни кревети и Blanc D’Ivoire мебел. Приватните балкони со погледот кон базенот се идеални места за уживање во утринското кафе.