Kанадскиот моден дизајнер Џејсон Ву, ја прикажа својата нова колекција за есен 2017година.
Главниот елемент кој ја дефинира новата колекција е асиметријата. Креациите на овој дизајнер ги купуваат многу познати дами, заради елеганцијата и вонвременскиот стил кој одговара како деловна облека, но и како израз на еден индивидуален стил.
Поголемиот дел од колекцијата е со должина под колената. Џејсон Ву е е мајстор за детали, а во оваа колекцијатоа тоа е постигнато со додавање на корсетите со тантела и асиметрични изрези на рамената, што на целата колекција и дава една впечатлива нота.
Кога боите се во прашање, Ву не експериментира многу и скоро во сите негови колекции доминираат две бои. Во оваа колекција доминираат портокаловата, бојата на виното, беж, сребрена и црната.
Колекцијата има доза на лежерност со доза на формалност.