Природната убавина, езерата, Монблан, изобилие од различни култури и удобната колевка на локалните жители, се само некои од причините зошто Женева е омилен град на многумина….
Сем локалните жители, градот го сакаат сите оние кои бараат подобар живот со поглед кон Монблан, овој швајцарски град со бајковитете езера е вистинско богатство. Во суштина, тој е швајцарски град во кој живеат повеќе од 40% луѓе кои не се по потекло од Швајцарија. Всушност, во овој град живеат луѓе од 187 различни земји на светот.
Иако секогаш бил под меѓународни влијанија, Женева има некој свој специфичен карактер и фасцинантна историја. Во овој град се родени и живееле многу влијателни луѓе, а исто така таму се основани и бројни хуманитарни организации кои му помагаат на целиот свет, како Црвениот крст.
За време на летото, сите посетители на овој град уживаат во Женевското езеро и специјалната фонтана која е висока 140 метри. Инаку овие две места се меѓу најпознатите, во цела Швајцарија. Тука можете да поминете феноменални денови, исполнети со неверојатно уживање.
Како целина, Женева е поделена на лева и десна страна. Левиот брег е модернистички и современ, содржи бројни барови, луксузни бутици и продавници со познатите швајцарски часовници. На десниот брег се наоѓа железничката станица, како и дел од градот кој има специфичен ноќен живот и сосем свој ритам.
Женева е полна со историски згради и населби, кои имаат швајцарски шарм со камени улици. Овој град не е познат по голема и грандиозна архитектура, иако од оваа земја потекнуваат бројни архитекти кои се светски познати.