Уживајте во прекрасна вечера во ресторанот кој е инспириран од Блискиот Исток, а сокриен во Сингапур…
Како добро чувана тајна која ја делите само со личностите од доверба, Fat Prince kafe го крие овој луксузен ресторант, познат под името The Ottoman Room. Овие две места имаат уникатен амбиент и менија кои ја рефлектираат нивната инспирација.
Декорацијата во Ottoman Room ресторанот е нешто што ќе ве воодушеви на прв поглед. Ќе вечерате под светлото од свеќите, благодарејќи на стаклените фенери кои висат од плафонот и креираат удобна и топла атмосфера, со аристократска естетика. Благодарејќи на тимот EDG Interior Architecture + Design, овој ресторант е дестинација во која морате да уживате барем еднаш. Ние ви советуваме да го посетите овој ресторан со саканата личност, но е сосема во ред ако отидете и со пријатели и фамилија.
Со теписи од Истанбул, кафени кожни софи и фотељи, овој ресторант нуди простор во кој можете да опуштите и уживате во комфорот на најдобар начин.
Главниот готвач на овој ресторант, шефот Хантер Мојес, ќе ви сервира вистинска гозба. Тука можете да нарачате што ќе посакате, било кое мезе и во него потполно ќе уживате. Достапни ви се три варијанти на хумус, а за главно јадење ви препорачуваме ладно јагнешко полнето со јаболки и риба на жар со затар песто и краставици.
Секако, кога е во прашање гастрономската дестинација за урбаните луѓе, таму се достапни и опциите за вегетаријанците, како Black Lentil салати, кои содржат помело, чајоти и состојки кои се вистинска тајна. Што и да одберете – вашето непце ќе доживее вистинска екстаза.