Италијанската компанија за прозводство на мебел Fratelli Reifer Custom од јужен Тирол, креираше голема дрвена маса направена од десет пресовани дрвени блокови.
Блоковите се природно свиткани и добиен е тридимензионален облик на функционална работна маса, која изгледа совршено. Наречена MIZU, оваа маса е скулптурално ремек дело. Долга е околу 4 метри и изработена е во серија од само од 9 парчиња. Површината на масата е изработена од слој на canaletto орев, што му дава богата и топла текстура, а резулатот е една елегантна масивна маса со интерес изглед.
Ова совршено парче мебел, доволно е атрактивно за да ги “украде” погледите во секој ентериер.