Поносно сместен до Тауербриџ во Лондон, High Command е прекрасен пентахаус на пет нивоа, кој настанал од некогашната дестиларница.
Овој стан чини 13 милиони долари, но е вреден за секоја пара. Овој лондонски дом нуди 420 м2 простор, има 4 спални соби и три позори, а низ неговите прозори се протега неверојатен поглед кон лондонската панорама и сите облакодери и.. секако, поглед на реката Темза.
Овој дом е реставриран и претворен во спектакуларна резиденција во осумдесетите години од минатиот век, а сега нуди неколку прекрасни тераси до кои се доаѓа од повеќе соби. Тука е големиот и пријатен простор за прием на гости и модерната кујна, каде вниманието е посветено на деталите, што се гледа на прв поглед.
Дел од овој пентхаус е и куполата која содржи галерија, видиковец и тераса, Секако, приватниот лифт е достапен на сопствениците, а гаржата е доволно голема за да собере 4 автомобили.