Palazzo панталоните изгледаат впечатливо за дневни и вечерни излагања.
Доколку оваа пролет и лето имате забави, венчавки или прослави, ви предлагаме наместо свечени фустани да одберете palazzo пантолони. Многу жени, кога се во прашање свечените пригоди бираат фустани, но овој тип на пантолони, многу лесно може да се трансформира и да стане важно парче на облека во кое вреди да се инвестира.
Оваа сезона во тренд се моделите со должина до половина на листот, но и другите долги, класични palazzo пантолони кои се идеални за свечени прилики. Носете ги во комбинации со бела кошула или деконструирани блузи и високи топуци. За дневните варијанти, palazzo панталоните можете да ги носите со рамни сандали, патики и омилената мајца!