Овој пат, ви ги претставуваме домовите на луѓето кои ја обликуваа и дефинираа уметноста на филмот и музиката, па дури и економијата. Од домовите на големите sвезди на шоу бизнисот како Џејн Фонда и Мег Рајан, па се до милијардерот Ворен Бфет – овие вили се модерни, приватни и секако нема да ве разочараат.
Позната по романтичните комедии, Мег Рајан е вистински маг кога зборуваме за дизајн на ентериерот, што можеме да го видиме во нејзиниот пентахаус во Сохо, кој сега се продава по цена од 10.9 милиони долари. Станот има 500 квадратни метри, со високи плафони, под од абонос и мебел од дрво. Станот има три спални соби, голема кујна и дневна соба. Неколку оригинални архитектонски столбови и sидови со цигла, допринесуваат на естетиката на овој дом.
Оскаровка, политичка активистка и фитнес гуру Џејн Фонда, го продава својот дом на Беверли Хилс од 700 м2 за 13 милиони долари. Нрјзината современе резиденција има 4 спални соби и 6 купатила и се наоѓа на посед од 3.600 м2. Со прекрасен поглед кон кањонот и океанот, овој дом има модерен стаклен лифт, ложа со бар, прекрасна кујна и многу простории на отворено. Тука е базенот, во кој водата се грее на соларна енергија, павиљон со логорски оган и градина за медитација со фонтана. Теретаната е сместена на долното ниво на куќата, така да можете секогаш да бидете во форма.
Фамилијарната викендица на милијардерот Ворен Бафет е скромна, но со голем простор. Вилата содржи 6 спални соби и се продава за 11 милиони долари. Со површина околу 400 m2 и поглед кон плажата, овој посед е вистинки бисер. Смарагдниот залив кој се гледа од секоја соба, тенискиот терен, теренот за одбојка, паркот, базенот и огромната тераса, како продолжеток од дневната соба, прават оваа вила да биде исклучително ексклузивна.