Новите трендови во дизајнот на ентереиерот, рефлектираат поместување кон природните материјали и каменот, кој дефинитивно остава силен впечток во нашите ентериери…
Можеби и заради желбата да се поврземе со природата, а можеби и да избегаме од монотонијата на бетонска џунгла – каменот во сите варијанти на боја и текстура, им овозожува на љубителите на квалитетниот дизајн безброј опции, со кои можат да го декорираат својот дом. Сем тоа, тој нуди долготрајност и лесно одржување, а може да се адаптира со бројни стилови.
Било да се одлучите за мермер, шкрилец, травертин, гранит или оникс, секој блок на камен ќе ги донесе своите единствени карактеристики, кои го прават посебен. Комбинирајте го природниот камен со полирани современи финиши, рустични материјали или со индустиски стил, со што ќе ја нагласите неговата убавина.
Купатилата декорирани со камен, можат да станат вистинска спа оаза и смирувачко опкружување. За купатилата, мермерот е дефинитивно најпопуларната опција во сите варијанти.