Starbucks објави дека во 2019 година ќе отвори огромна продавница во Chicagо. Според објавите за медиумите, продавницата ќе биде на 4 ката со име Reserve Roastery и ќе биде посветена на пржењето и пакување на ретки, малубројни Starbucks Reserve кафиња од целиот свет. Ова ќе биде трета продавница од ваков вид, првата беше отворена во 2014 во Seattle, а втората треба да се отвори во 2018 година во New York. Исто така најавија дека по отворањето во Chicagо, иста продавница ќе отворат и во Milanо, Shanghai и Tokyо.
Концептот е базиран на тоа дека во едната дел од зградата ќе се гледа како се произведува кафето, пржи и меле и тоа истото подоцна, можете да го купите. Исто така, во понудата има прикажување на повеќе методи на варење на кафе, а посебно припрема на Reserve пијалоците и шејковите.
Тоа ќе биде волшебен свет исполнет со егзотични кафиња, големи вреќи со малите зрна на кафето и свежи печени пецива кои најдобро одговараат со кафето.