Versace во новата колекција по прв пат ни покажува нешто сосем ново , принтот “barocco-flage”, што е интригантска мешавина на стандардниот и препознатлив Versace animal print, со камуфлирани дезени кои се испреплетени во многубројните фустани. Бидејќи брендот доби многу пофални зборови за овој принт, можеме да претпоставиме дека barocco-flage ќе се појавува и во нивните понатамошни креации.
Поголемиот дел од колекцијата е креирана со најсовремените кројачки техники, како и употребата на врвни и потполно нови hi-tech материјали, како што се пластифицираниот твид, везениот тул, fil coupé,… што допринесе комплетната колекција да добие еден финален, посебен врвен изглед.
Кога е во прашање палетата на линијата “La Signora”, Versace тука е повеќе фокусиран на темните тонови со акценти на жолтата или светло сината нијанса. На пистата доминираше и вилолетовата нијанса, создавајќи ни илузија дека сите модели се креирани во спортски дух.
Едно е сигурно, во колекцијата доминираат модерни џемпери, парка мантили, тренди кратки пантолони, така да многу трендсетери сигурно ќе го најдат своето омилено парче на облека.