Доколку сте љубител на модата, дизајнот, добриот стил и луксуз, тогаш Милано е еден од најдобрите градови кои треба да го посетите..
Милано е еден од најнапредните градови на светот, а често е нарекуван и град на светската мода. Сепак, не е само модата атракција на овој град. Во него може да се види изобилие на уметност и архитектура, како и истражување и уживање во гастономското богатство на Италија. Секако, не мора да нагласуваме дека шопингот во овој град е навистина неверојатно искуство. Скоро секоја улица е полна со бутици од познатите брендови како Armani, Versace, Prada, Gucci и други.
Pinacoteca di Brera, е една од најпознатите уметнички галерии на светот која ги содржи делата на италијанските уметници од 14. до 20. век и е вистинска привилигија која Милано ја нуди.
Brera е еден од најсликовитет делови од градот, со своите историски тесни улуци. За време на вечерните часови, улиците на овој дел од градот го осветлуваат рестораните и баровите со своите цвеќиња, така да цел овој дел има своја специфична вибрација.
Езерото Комо, се наоѓа во делот кој е познат по својата драматична сценографија, во самото подножје на Алпите. Популарно е заради свежиот воздух, вода, планини и неверојатно добро време. Тешко ќе ви биде да се вратите во “цивилизацијата”, кога еднаш ќе ја почувствувате сета убавина на природата.
Секако , не мора да нагласуваме дека шопингот во овој град е навистина неверојатно искуство. Скоро секоја улица е полна со бутици од познатите брендови како Armani, Versace, Prada, Gucci и други.
При посета на овој град, ви препорачуваме да преспиете во Armani Hotel Milano. Едноставно, не постои подобар омаж на овој модерен град од хотелот кој го дизајнирал самиот Џорџо Армани.