Луѓето денес многу внимаваат на работи врзани за wellness, вклучувајќи ја здравата храна и вежбањето. Но, голем број на луѓе малку размислуваат за пијалоците кои ги внесуваат во своето тело во текот на денот. Секако, сите знаеме дека газираните и слатките пијалоци не се здрави, но, сем доколку не тренирата за маратон, веројатно не го завршувате секој ден со спортски пијалоци. Мислите дека чистата вода е доволна? Па, по се изгледа – не.
Брендот HFactor ја пренесува водата на сосема ново ниво. Во прашање е вода која е патентирана, ослободена од сите хемикалии и магнезиум, со додавање на водород. Вдодродот сега доби значение како супер елемент, кој има бројни позитивни својства и бенефиции. Водородот ни ја зголемува енергијата и будноста, но и го ослободува нашиот организам од стрес.
Основачот на компанијата Гејл Леви, по прв пат ја добила оваа идеја кога патувала во Јапонија. Таму, водата богата со водород се консумира во големи количини.
Едно пакување чини 3 долари. Пакувањето е во вреќичка направена од рециклирани материјали, а доаѓаат со цевчиња со кои се пие. Значи, кога ја купувате оваа вода, не го плаќате скапото пакување, туку само нејзиниот квалитет.