Хотелот Gleneagles во Шкотска е спектакуларен стар хотел, преплавен со шармот на старите времиња, сместен на 850 хектари кои ќе направат да се чувствувате фантастично од моментот кога таму ќе стигнете.
Овој престижен комлекс е дом на еден од трите најдобри турнири за голф во цела Шкотска, a тоа е додатна причина, зошто е еден од најдобрите туристички објекти во целата оваа земја.
Овој прекрасен хотел има школо за соколари и прекрасен спа центар со 2 базена, сауна, отворен џакузи и теретана.
Хотелот има 232 луксузни соби и апартмани, кои се ексклузивно уредени и декорирани по европските стандарди.
Инспиративен со големината и ексклузивноста, овој хотел нуди 4 преубави ресторани, а секој од нив може да се пофали со својот стил и атмосфера.
Без разлика дали сте за традиционалните шкотски јадења, медитерански слатки или едноставно ја сакате француската кујна со шкотскиот твист, секој вкус и мирис ќе ви остане долго во сеќавање, затоа што таму се користат најдобрите органски производи од локалните фарми.
Постојат многу други работи кои можете да ги направите таму – можете да уживате во јавањето на коњи или едноставно, можете да одите на долги и релаксирачки прошетки во природата, која како да е излезена од бајките.