Tантелата е секогаш во мода, но секоја сезона ја носиме на поинаков начин.
Тантелата е материјал кој се смета за вонвременски, женствен и префинет. Овој отмен материјал со богата историја на најдобар начин го изразува стилот на жената и честопати се користи за украсување на облеката, долниот веш па дури и за декорирање на ентериерот.
Денес тантелата е скоро насекаде. Облеката од тантела е сензуална, таа помага да изгледате секси, но на задодлив начин.
Кога бирате парчиња од тантела како модни додатоци, користете ја во мали дози. Таа е богата со текстура и не треба да се претерува со неа. Едно парче од тантела треба да биде централната точка на вашиот изглед.
Постојат безброј начини како можете да ја носите облеката од тантела, но само неколку предлози јасно добиваат на популарност оваа сезона.
Погледенете и инспирирајте се!