Сместени на врвот Kangaroo Point Banyan, Tree Residences во Бризбејн, на своите сопственици им нуди престожни домови во најдобриот дел од градот.
Седумдесет и шест станови на оваа градба се протегаат на десет ката, со уште три величенствени пентхауси кои нудат поглед кон реката, градот и раскошната ботаничка градина.
Овие резиденции се прогасени за најдобри во Австралија, а купувачите имаат избор за двособен или трособен стан, како и пентахаус. Со почетна цена од 600.000 долари, секој стан има префинет дизајн, спални соби со големи гардеробери и прозори од под до плафон. Секој стан исто така има и балкон кој се протега по целата должина на станот.
Купувачите сем што ќе уживаат во мирот и тишина, имаат и додатни погодности и услуги какви можеме да видиме во луксузните хотели, – 24 часа консиерж, спа центар, ресторант, приватна соба за забави, дел за скара, лежалки на инфинити базенот и спектакуларен поглед на панорамата на градот.
Сопствениците на становите ќе ги уживаат бенефициите на Banyan Tree Sanctuary клубот, кој им овозможува пристап во спа центрите и на голф терените во одмаралиштата и галериите.