Hermes се враќа на своите корени во новата Home колекција за оваа година и повторно ја наоѓа инспирацијата во коњите.
Исполнета со разни предмети – од мебел до стаклени предмети и ситници, оваа колекција дебитираше на миланската недела на дизајнот. Инспирацијата со коњите и коњичките спортови беше евидентна на предметите како што се стаклените вазни плетениот сталак за вино и држачите за јакни…
Што се однесува до мебелот, серијата на столици од бамбус беше интересна заради својата минималистичка привлечност и чисти линии. Плетените детали беа видливи на масичката за сервис и малото кружно масиче..
Природните бои и материјали се во центарот на вниманието, кога зборуваме за оваа колекција и го поседуваат дефинитивно дизајнерското обележје на Hermes, кое е евидентно уште на прв поглед.