Британскиот фотограф Метју Брукс, ја продолжи соработката со модниот бренд Todd Snyder, снимајќи ја најновата кампања за пролет/лето 2017 година.
Моделот и уметник Дејвид Александер Флин е sвезда на кампањата. Атрактивниот манекен чиј заштитен знак се тетоважите, на кровот на една зграда во Њујорк, покажа како треба да биде облечен еден урбан маж. На фотографиите се гледаат есенцијалните парчиња на облека на Snyder и брендот Champion со кој соработуваа при креирање на оваа фотосесија.
Доколку барате идеален тренчкоут за пролет, бермуди, бомбер јакна, маица или атрактивни кежуал панталони, овој бренд ина голема понуда за мажите кои претпочитаат класичен стил, но е во трендот.