Шармантната Kings Point населба во државата Њујорк, послужи како инспирација за познатиот роман Големиот Гетсби, што дефинитивно го објаснува овој незмисливо луксузен посед…
Овој посед послужи како инспирација за сценографијата за филмот по овој роман, сместен на 8 хектари земја и се наоѓа на 45 минути од градот Њујорк.
Изграден во 1928. година, овој посед сигурно би му одговарал на Џеј Гетсби. Со средените градини, стари дрвја со векови, прекрасно обликувана жива ограда и камени патеки за колите, патеките за прошетки – овој луксузен посед содржи неверојатни погодности – од тениски терени, базени и прекрасен бар.
Има 18 спални соби и триесет и две купатила, распоредени во оригиналната вила и две помали градби наречени Carriage House и Rodney House, кои се наменети за гостите. Со беспрекорно завршените детали од мермер, малахит, лапис лазули, златни листови и драги камења, екстравагантните ентериери на овој посед се дизајнирани да го запрепастат и импесионираат секого кој ќе ги види.
Главниот посед има огромна гаража за 10 автомобили, вински подрум со 3.000 шишиња и се друго што ќе ви падне на ум: сауна, прекрасен спа, салон за убавина, импресивна теретана, терен за рекетбол и неверојатна ложа која е идеална за забави во стилот на Големиот Гетсби.
На крај од секој ден, на брегот кој е доволно долг за јахта од 60 метри, ќе ви овозможи да се опуштите и одморите, и да се потсетите колку животот може да биде убав. Секако, сето ова е ваше доколку имате 85 милиони долари, колку што чини овој посед.