Villa Giulia е името на оваа прекрасна куќа изградена во ренесансен стил, која остава романтичен и драматичен впечаток. Сместена е на југот на Италија, на самиот брег на гратчето Соренто. Италијанскиот гламур и едноставна елеганција се присутни во секој нејзин дел. Има шест спални соби и вкупно четири спрата. Во раскошниот ентериер меѓу другото се вбројуваат и фрески и скулптури од историјата, како и вредни уметнички слики.
Надвор од куќата има пространа ботаничка градина со повеќе од 700 видови билки и растенија. Не можеме да не го споменеме и базенот со спектакуларен поглед на море, како и терасата која е совршено место за уживање во зајдисонцето. Покрај ова, во близина има приватна плажа до која се стигнува по скали. Villa Giulia е со сигурност место во кое ќе се чувствувате како да сте во некој италијански филм.