Сместена во близина до морето вилата La Jolla, има уникатен лифт кој ве води до огромната гаража со површина од 300м2, каде што има место за 5 автомобили.
Оваа вила ја дизајнирал Bil Hajer, со површина околу 500 m2. Кујната која оваа вила ја поседува, игра главна улога на секое поголемо собирање на фамилијата и пријателите, додека терасата на кровот е шлагот на тортата. Заедничките простории на оваа вила се така дизајнирани, да секоја забава и дружење со пријателите се беспрекорно забавни, а тоа што додатно ќе го разубави дружењето се вградениот филмски проектор и големиот екран, џакузито, вградената скара и огромниот фрижидер.