Италија е убав земја која секој од нас ја посетил, а ние денес ви претставуваме италијански средновековен дворец кој е претворен во автентичен хотел – Hotel Sextantio Albergo Diffuso.
Сместен во областа Abruzzo на 1250 метри висина, San Stefano di Sessanio е питорескно средновековно село кое се наоѓа само на два часа возење со автомобил северно од Рим.
Ова старо планинско село денес е напуштено, но благодарејќи на филантропот и хотелиерот Daniel Kihlgren и Oriano Associati архитектонското студио, обновеното село, се смета за едно од најубавите и најсочувани италијански историски средовековни бисери.
Во соработка со многу локални организации и занатлии, Sextantio Albergo Diffuso hotel е направен како традиционален селски хотел.
“За да го сочуваме карактерот на Свети Стефан , целата модерна технологија која хотелот ја има, е скриена. Сем тоа, од мебелот до текстилот користени се оригинални и локални материјали кои доаѓаат од оваа регија. Се потрудивме да го сочуваме оригиналнио селски живот, додека внатрешното уредување е сведено на функционалниот минимализам” изјавија од архитектонското студио.