Милано како град има многу причини да биде поносен, а познатот моден дизајнер Џорџо Армани, е една од тие…
Одморот во Armani Hotel Milano, е нешто што е посакувано за сите љубители на модата и за тие кои сакаат да уживаат во поубавата страна на животот. Овој хотел е дизајниран по уникатната филозофија на познатиот моден гение, неговата уникатна личност и вкус, а самата Армани естетика евидентна е во секој агол од хотелот.
Погледнете како изгледаат апартманите со површина од преку 200 м2, со драматични и модерни скали, кои ќе го задржат вашето внимание. Дизајнот на апартманите добро е осмислен, елегантен, благодарејќи на неутралната шема на бои, кои ги содржат нијансите на беж, сивата и црната боја.