Тениската супер sвезда Rafael Nadal е новото заштитно лице на модниот бренд Tommy Hilfiger, линија Tailored за пролет/лето 2017 година.
Нема подобра личност од него , како што тврдат од компанијата Tommy Hilfiger, да ги рекламира оделата за моќни и силни мажи. Кампањата е снимена во Калифорнија, а го претставува Nadal во акција – додека игра тенис.
За соработката, Tomi Hlfiger кажа: “ Nadal е пример на спортист кој на веродостоен начин, совршено го рефлектира модерниот и ноншалантен стил во облекувањето.”
Соработката со шпанскиот спортист трае веќе неколку сезони, а линијата на оделата THFLEX која ја комбинира препознатливата естетика и комфор, одлично му прилега на згодниот спортист!