Кога зборуваме за инспиративните извори, круцијално за работата на секој уметник да биде опкружен постојано со нив, да им покаже грижа и што е можно повеќе внимание.
Харпер Грејс ги кажува најинтересните работи на светот. Шеговити, имагинативни и филозофски нешта кои го мотивираа нејзиниот татко да направи серијал на илустрации со име „Spaghetti Toes“.
Идејата е толку добро реализирана, охрабрува еден детски невин стил, обележувајќи го овој период од возраста на неговата ќерка. Харпер со овој чин ги потсетува родителите околу светот да ги документираат најдрагите спомени со своите најмили, исто така охрабрувајќи не нас сите да се потсетиме на оние времиња кога нашата фантазија беше неограничена и слободна од секојдневните малечки грижи.