Колекцијата Hybrid на италијанската фирма Seletti, содржи впечатлив дизајн на чинии, чајници и дозни за чај, кои се комбинација на источната и западната естетика.
Дизајните датираат уште од 2011. година кога компанијата Selleti заедно со студиото CTRLZAK ги прикажа првите парчиња на колекцијата. Минативе 6 години, дизајн Hybrud колекцијата, продолжи да се развива, додека CTRLAZAK претстави серија на теписи со сличен концепт и естетика, а оваа година за прв пат беа прикажани во Париз, на интернационалниот саем на модни трендови.