Сега сме веќе сигурни, дека 2017. ќе биде запаметена во светот на модата, како година на холографскиот тренд. Се почна со холограмските нокти, а до сега овој тренд се прошири на разни предмети, како што се облеката, накитот а сега дури на косата!
Со мешавината на сините и сивите нијанси со пастелните бои како ливанда, бебешко-розевата и светло сината, добиваме металик ефект. Ние претпоставуваме дека овие холо-фризури, ќе бидат хит за ова лето!