Новата Примарк колекција наменета за лето 2017., содржи се што ни е потребно за на плажа – костими за капење, бикини, кафтани и сите модни детали за лето, без кои не можеме.
Моделите се екстремно стилизирани и беспрекорно креирани во бохо стил. Новата колекеција за плажа е инспирирана од 70-тите и 90-тите години од минатиот век, а во понудата има мноштво од модели кои можете да ги комбинирате и сами да создадете своја идеална стилска комбинација. Силните бои со летните мотиви како лубениците и цветните принтеви, се детали кои треба да ги поседувате, а секако во нив ќе бидете забележени на плажата!