Вазни и саксии со лалиња и нарциси, шарено пролетно цвеќе, платнени салфети и чаршави се исто така добредојдени…
Имаме за вас неколку идеи, како со малку труд да го постигнете велигденското расположение во домот.
Јајцата се симбол на Велигден. Можете за декорација да користете природни јајца, од порцелан, восок, класични пастелни јајца – постојат многу опции. Сите ќе изгледаат одлично во традиционалните корпи или во глинени, стаклени или метални садови.
Покрај јајцата, користете ги шармантните фигури на зајчиња, јагниња и пиленца. Можете да направите интересна декорација со јајца и природни пердуви.
Мирисните букети на нарцисите, лалињата и зумбулите, внесуваат радосна атмосфера во домот и неверојатен мирис. Играјте си со цветните дизајни и користете различни видови на растенија, гранки, мов и трева.
Додадете преубави фигури од стакло или керамчки садови, ефектот ќе биде спектакуларен.