Иновативни велигденски јајца!
Ви предлагаме уште една креативна идеја за дизајн на велигденските јајца! Нам многу ни се допаднаа овие насликани јапонски Kokeshi кукли, како иновативен начин на украсување на јајцата.
Kokeshi куклите се познати во целиот свет, а носат потекло од северна Јапонија. Тие се со многу едноставен изглед, се прават од дрво и со нешто поголема глава на која со тенки линии е нацртано лицето. Интересно е дека тие немаат ни раце ни нозе па така нивното сликање на јајцето е уште поедноставно. Ако ви се допаѓа оваа идеја, украсете ги вашите велигденски јајца на овој интересен начин.