Најдобрите луксузни торби од модните писти!
По завршувањето на модните недели во Лондон, Париз и Њујорк, сосема е јасно дека во модата доаѓаат некои поинакви и поинтересни, модни парчиња. Дизајнерски куќи, оваа година на своите ревии покажаа висока мода, баснословни цени, а како нам ни изгледа, дека и многу од славните и богати личности, веќе си ги присвоија овие нови сезонски трендови.
Брендовите како што се Calvin Klein, Fendi, Prada, Miu Miu, Louis Vuitton, Balmain и многу други, не оставија без здив со многу интересни парчиња на облека прикажани на модните ревии – но тоа што најмногу не воодушеви се сепак, нивните луксузни и ултимативни, иновативни торби.