Компанијата Holly Hunt ја претстави својата нова колекција на мебел за екстериери пролет 2017 година.
Колекцијата е инспирирана од морето и водените светови, па секој модел од мебелот носи име на некој животински вид, од богатиот океански живот. По две години креирање и работа на колекцијата Moray, сега на купувачите им се нудат 25 парчиња од овој мебел за разубавубање на своите дворови, градини или просторот покрај базенот.
Во понудата се софи маси и гарнитури со флуидни архитектонски линии, со многубројни мебел пресвлеки, со кои можете да го креирате амбиентот.
Погледнете некои од нашите фаворити!