Изгледа како 40 -тите години од минатиот век, да стигнале на модната ревија на брендот Bottega Veneta за есен/зима 2017-18!
Прикажана за време на Fashion Week, на Академијата за применети уметности во Милано, оваа ревија е дефинитивно една од подобрите, која публиката беше во можност да ја види.
Иако многу брендови инсистираа на минимализмот како Max Marа, а другите на принтот со пеперутки и логотиповите, брендот Bottega Veneta ја прикажа својата мода во некој трет паралелен свет во кој царува елеганцијата. Во свет, каде само елегантните теми се дозволени, со изразена страст за старата класика.
Силуетите се со нагласени паф ракави, миди должина и ремени на струкот. Се на се, апсолутно женствено и носиво!