Кој би помислил дека апаратите кои ги употребуваме во кујната, еден ден ќе потсетуваат на уметнички дела?
Брендот Dolce & Gabbana, се здужи со компанијата Smeg, за да додаде естетика и визуелна вредност на инаку досадните апарати, кои сега добија егзотични уметнички форми и детали.
Овие два италијански бренда се здужија за да ги сменат обичните предмети во кујната, како тостерот, соковникот, апаратот за кафе и блендерот и да изгледаат како уметнички дела.Оваа колкеција со име “Sicily my love”, ни ги претставува парчињата кои се украсени со декоративни детали, односно со традиционалните сицилијански мотиви и орнаменти. Детали, како жолтиот лимон, цитрусите, сливите, пејсажот и брегот на јужна Италија. На блендерот можеме да забележиме и слики од Етна, која е декорирана со цветни дезени.
Оваа луксузна колекција е претставена на саемот Salone del Mobile во Милано.