Според најновите истражувања на World Happiness Report, најсреќна земја на светот е Норвешка, која оваа година ги прескочи трите скали до врвот и со тоа ја замени Данска.
World Happiness Report –под покровителство на UN секоја година ги повикува сите земји на светот да развијат општествена доверба меѓу популацијата и да промовираат еднаквост, за да ги подобрат условите на своите граѓани. Извештајот се темели на годишната анкета од 1000 испитаници во повеќе од 150 земји во светот, на кои им е поставено прашање – да рангираат колку се задоволни со животот во нивната земја, на скала од 0 до 10.
За истражувањето, користени се 6 фактори кои влијаат на одговорот на испитаникот: БДП по жител, животниот век, подршка од пријателите и роднините, донирање во добротворни цели, слобода на изборот и количина на корпоративните корупции.
На трето место се наоѓа Исланд со Швајцарија и Финска, потоа следат Холандија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Шведска. Во земјите на врвот на скалилото најважните фактори се среќата, слободата, грижата, здравјето, како и великодушноста.
Луѓето од Африканската Република најмалку се задоволни со својот живот и рангирани се на дното од скалилото, завземај’и го 155. место, пред Бурунди, Танзанија, Сирија и Руанда.