Краток анимиран филм за тоа колку е важно да си ги оствариме нашите желби.
Модерното општество секојдневно ни наметнува рутина, живеење по шаблон, без критичко размислување, без да се запрашаме дали е тоа она што не прави вистински среќни. Во ова кратко анимирано видео е претставено токму тоа, како општеството ни ја одзема креативноста и од весели и разнобојни стануваме сиви и безлични, само за да не застраниме од строго определените општествени правила. Филмот ќе ве охрабри да си ги следите вашите соништа, да ги погледнете работите од поинаков агол и никогаш да не заборавите кои сте и зошто сте тука.
Автори на оваа прекрасно изработена животна лекција во форма на видео се шпанците Даниел Мартинез Лара и Рафа Кано Мендез. Филмот е посветен на нас, на нашите семејства, пријатели, деца. Да застанеме за момент и да размислиме што е она што сакаме да го оствариме во нашите животи. Одвојте 7 минути од времето и погледнете го Alike. Вреди.