Изградена во 2000. година, оваа неверојатна вила се наоѓа на приватен полуостров, покрај шармантната лагуна наречена Џорџика Понд….
Овој луксузен посед се простега на површина од 1.800 m2, со вкупно осум спални соби и дванаест купатила, нудејќи врвен поглед кон водата од три страни. Изградена со највисоки животни стандарди, оваа вила има едно крило за гости, како и прекрасен базен со тобоган, спа и тениски терен. Архитектот Frensis Flitvud ја смислил оваа фантастична вила, додека за дизајн на енериерот се погрижил Brajan Okif.
Мебелот е дело на врвни дизајнери, подот е стар 200 години, а самата вила подеднакво е импресивна како од внатре така и од надвор.
За 75 милиони долари, колку што изнесува цената, ќе добиете и два лифта, кујна со трпезаријата, библиотека, домашна канцеларија, приватно кино и вински подрум.
Останува да се надевате дека ќе добиете на лото и ова место да го наречете свој дом. Вреди, нели?