Фантастичниот хотел Tcherassi+SPA е лоциран во срцето на стариот град Картaгена во Колумбија. На само неколку чекори од плажата, овој хотел го заведува секој со својата колонијална архитектура, добра атмосфера и прекрасна послуга.
Ова шармантно место го креирала модната дизајнерка Silvia Tcherassi, па токму и затоа овој хотел е место каде секој гост се чувствува добредојдено и пријатно. По интензвното реновирање, 250 години старата куќа со традиција, поново оживеа и стана место кое зрачи со елеганција и асоцира на златното доба на Картагена.
Со само седум соби и апартмани, овој единствен бутик хотел и спа центар, потсетува на атмосферата на минатите времиња со сите современи погодности кои модерниот турист денес ги очекува.
Ќе ве инпресионираат високите плафони и раскошниот под, приватните балкони, како и големите купатила. Хотелот поседува одличен спа центар каде можете да се релакситрате, италијнски шик ресторан, каскадни градини со преку 3000 локални растенија, четири базени, како и кровна тераса која нуди поглед за паметење.
Овој хотел е преубава оаза на идеално место во градот, каде заедно живеат остатоците на боженствената декаденција и романтизмот.