Ако мечтаете за лето и тропски одмор, Dolce & Gabbana е како создаден за вас. Нивната нова колекција за пролет/лето 2017 е полна со парчиња кои го повикуваат летото – а ние апосолутно ја обожуваме! Оваа колекција, неодамна е претставена на модната недела во Милано!
Од ултимативно совршени пролетни фустани со цветен принт, па се до сандали со монистри и кожни D&G модели на чанти, овие парчиња ќе се вклопат во секоја модна комбинација. Овие прекрасни парчиња се пролетни гласници и слободно нека ви послужат како инспирација… Па смееме да сонуваме, нели?