Студиото од Њујорк, Smiros & Smiros Architects, соработуваше со еден клиент 4 пати, пред да ја добие понудата да го дизанираат неговиот стан во Мајами.
На брегот South Beach, овој проект завзема цел еден спрат од градбата во која се наоѓа, како и кровната тераса, која нуди извонреден панорамски поглед кон океанот и градот. Современиот ентериер на овој пентахаус, содржи подови од светло дрво, елегантни бели плафони и прозори од под до плафонот.
Топлите дрвени елементи во главното купатило и подот од мермер, се во добра комуникација со огледалата и дрвените рамки.
Мебелот во екстериерот е покриен со црвени перници и црвени чадори, кој совршено комплементира со тиркизната боја на океанот.
Ентериерот е во неутрални и природни бои и текструри, за да не го одвлекува внимането од погледот кон брегот и океанот.
Кујната е со топли дрвени елементи и мермер, со поглед од милион долари.