Сместен на далечното острово Јакушима, Sankara Hotel & Spa е еден од оние ретки скапоцени камења, кој вреди за сиот труд, време и пари…
Престојот во овој хотел е вистинско врвно искуство. Обиколен со прекрасна природа со карпи и густа шума, а кога еднаш ќе го посетите, сфаќате дека не сакате веќе никогаш да се вратите во цивилизацијата.
А доколку успете да заминете дома, верувајте ни веднаш ќе планирате нова посета. Поред зеленилото, ова место ќе ве шармира со својот неверојатен ентериер, модерни можности и минималистичката атмосфера која вашиот одмор ќе го направи незаборавен.
Хотелот има 29 неверојатни соби кои имаат модерен јапонски мебел и врвен поглед кон морето. Можности има многу за активности, како спа центарот, пешачење по песокот, пливање во базенот и други…
На крај од секој ден, морате да го посетите извонредниот ресторан Ayana каде ќе уживате во вашето омилено јадење и француско ароматично вино.