Tom Ford е можеби моментално еден од најмногу зафатените дизајнери.
По кампањата за пролет 2017. кој сам ја фотографираше и режирањето на филмот, Tom Ford, апсолутно не импресионира со својата пролетна колекција.
Уште на прв поглед сфаќате дека оваа колекција е креирана за тие кои би сакале да се чувствуваат како филмски sвезди, доколку тоа не се.
Луксузната колекција ја прават парчиња кои секоја жена би посакала да ги има во својот гардеробер. Колекцијата е богата со текстури и материјали, златна боја, со совршено дополнети карактеристични Tom Ford, црни тоалети. Од детали како каскадна мониста или метал, па се до аксесорите, тој златен акцент и дава на колекцијата ексклузивност и елеганција. Така, оваа пролетна колекција доби еден безвременски ефект.