Велигден е толку блиску, а богатите луѓе не мораатда губат многу време во потрага за ретко дијамнатско велигденско јајце….
Се што треба да направат е да се упатат кон јувелирската куќа Jefferies од Лондон и да купат Diamond Memories јајце по цена од 250.000 €.
Златарот Мартин Џерфриз го дизајнираше екстравагантното велигденско јајце од 18 каратно бело злато, кое е декорирано со 910 беспрекорни дијаманти, кои вкупно тежат 60 карати.
Сем тоа, ова не е само скапоцен орнамент, туку и медаљон. Кога ќе се отвори, внатре во јајцето се наоѓаат две рамки за слики, направени од 18-каратно жолто злато, како и златен ланец со чија помош можете да го носите јајцето.
Мартин го објаснува дизајнот – “Овој дизајн е универзален симбол кој претставува живот, зедништво, мир, љубов и уште многу други работи”.
Инаку Џефриз е трета генерација на златари кои некогаш работеле и за Фаберже и Аспри. Често пати се наградувани за својата работа, а некои од нивните дизајни се подарени на кралицата Елизабета Втора.