8 моментално најголеми тексас трендови!
Фармерките секогаш ќе бидат еден од најважните парчиња од нашата гардероба. Но, понекогаш ни досадува вообичаениот тесен модел или трапез моделот, од 70-тите. Немојте погрешно да не разберете, не ви предлагаме да ги фрлите, туку да си поиграте со нив и да ги вметенете во еден од овие 8 големи трендови, кои сега владеат….
Фармерки со завртени ногавици – модерно и совршено за покажување на прекрсните чевли!
Недовршени рабови на ногавиците – да, и понатаму се хит и супер cool!
Големи јакни – Оваа сезона се носат поголеми, поопуштено…поандрогено од било кога досега….
Везени детали – Се што ви треба се скинати фармерки и забавен изглед, кои самите можете да го направите од некој постар тексас модел…
Бели фармерки – Сем традиционалните бели, оваа сезона можете да одберете и некоја кремаста нијанса…Тексас кошули/фустани – Оваа пролет се најпопуларни…. колку понеобичен крој – толку подобро!
Тексас чевли – Сандали, еспардрили, папучи, патики….во интересна тексас боја и поинаква текстура!
Тексас торби – овие торби како и фармерките се комбинираат со се од вашиот гардеробер! – Една ваква чанта ќе ја користите повеќе, од колку што можете да си замислите!