Брендот Estee Lauder ја лансираше својата нова колекција на кармини за усни – Pure Color Love, за ова лето….
Новата линија содржи дури 30 различни нијанси со хидрантна формула, кои можат да се мешаат за креирање на единствен изглед. Новите нијанси имаат 4 различни финиши – крем, хром, светликав и мат, а секоја е подеднакво прекрасна. Обликот на новите крмини има триаголен врв кој ви дозволува да го користите и како моливче за усни.
Сите кармини едноставно и лесно се нанесуваат, со додатокот за влажност на усните, така да секој ваш изглед ќе изгледа свежо и перфектно.