Како да одберете најдобра креација доколку сте гостинка на нечиа венчавка, е прашање кое ги мачи сите девојки.
Важно е да знаете дека морате да бидете елегантни, но со својот изглед никако не смеете да ја засените невестата. Таа е во центарот на вниманието, не вие.
Британскиот моден бренд Reiss ви нуди инспирација. Во колекцијата пролет/лето 2017 има мноштво на предлози како совршено да изгледате на венчавка во улога на гостинка. Фустани на едно раме, макси фустани со принт или одело, се идеален избор за оваа пригода.
Важно е да напоменеме, дека белата боја е наменета само за невестата. Доколку вие сепак се одлучите за оваа боја, тогаш тоа никако не смее да биде целиот изглед. Единствено што е дозволено, можете да се појавите во бело одело.