Познатата американска комичарка и тв водителка Ellen DeGeneres го продава својот дом во Санта Барбара. Ellen во оваа вила живеела со сопругата и партнерка, австалиско-американската глумица Portiа de Rossi, а сега ја продаваат за 45 милиони долари.
Ellen и Portia ја купиле вилата во 2012 година, а во меѓувреме го зголемиле поседот за дупла квадратура. Шест спални соби, осум купатила, девет камини, неколку библиотеки и куќа за гости, се само некои од величенствените делови на овој историски посед.
Во вилата исто така се наоѓа и јапонска када, базен, кујна со мермерни површини, камени тераси и големо тениско игралиште. Погледот кон океанот, брегот и планините, се протега од секој агол и ќош од вилата.