Британскиот моден бренд Topshop, лансираше потполно нова линија на венчаници. Колекцијата се состои од прекрасни модели за невести како и нејзините деверуши. Поточно, во продажба се пуштени 5 лимитирани венчаници и 25 модели за деверушките.
Нам, најмногу ни се допаѓаат сатенските слип фустани како и тоалетите со волани и цветни принтеви. Со фустаните, Topshop креираше и долен веш, чевли и модни додатоци, а оваа нова колекција од средина на месец април, ќе може да се нарачува и online, како и во одбрани продавници. Во нашата галерија, погледнете ги моделите од најновата Topshop Bride колекција. Кој знае, можеби и вас ќе ве инспирира за сопствената венчаница!