Се што креира Чарли Харпер, претставува негово фантастично портофолио на уметнички дела. Со децении тие се фаворити, наменети за детски подароци и се сметаат за легендарни – и по одредени мислења, потполно потценети дизајнерски работи. Неговите дела доаѓаат со совршена количина на разигран, модерен стил, кој е толку привлечен, да децата, а и нивните родители го обожуваат.
Неговите последни работи претставуваат вистинска радост и креирани се со помош на дизајнерот Тод Олдхам, кои претставуваат клучен дел на компанијата The Land of Nod, која ја лансираше првата линија, на оваа многу успешна колекција пред скоро година дена.
Сега, година дена подоцна, овој тандем на пазарот ја исфрли новата колекција со преубави парчиња кои вклучуваат постелнина, перници, теписи, комоди, јоргани, ламби, завеси за туш и уште многу што друго. Целокупната колекција се состои од Харперовата фасцинација со природата и илустрациите кои навистина го задржаа чекорот со времето.